Сириската опозиција соопшти дека изминатите два дена во воздушни напади на северот на Сирија, кој е под контрола на Исламската држава, загинале најмалку 29 лица.

Коалицијата предводена од САД се обидува повторно да воспостави контрола на Рака, а силите предводени од Курдите, моментно контролираат половина од тој сириски град.

Опсерваторијата за човекови права соопшти дека воздушните напади се интензивирале во изминатите неколку дена и дека помеѓу загинатите имало девет жени и 12 деца.