fbpx

Четворица загинати во судири на истокот на Украина

-

Најмалку четири лица загинаа за време на последните 24 часа на истокот на Украина, соопштија денеска украинските власти.

– Тројца цивили загинаа во воздушните напади на бунтовниците во градот Авдивка – соопшти министерството за внатрешни работи на Украина.

Авдивка е под контрола на украинските прозападни власти, но се наоѓа недалеку од аеродромот во Доњецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти.

Еден украински војник загина во соседната сепаратистичка област Луганск. Војската соопшти дека ситуацијата во овие делови на Украина се влошила во последните 24 часа.

Бунтовниците, истовремено, ја обвинија украинската војска дека од правец на Авдивка ги гаѓала нивните позиции во Спартак.

Од кога почна војната во Украина, од април 2014 година, загинале повеќе од 6.500 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...