fbpx

Пожарот во Калифорнија зафати и дел од автопатот

-

Шумскиот пожар што во петокот ја зафати Калифорнија, продолжич да се шири преку автопатот и планините, при што уништил 20 возила, а изгореле најмалку пет куќи.

Поради влијанието на топлите пустински ветрови, пожарот избувнал долж главниот автопат меѓу Јужна Калифорнија и Лос Анѓелес.

Десетици возила биле напуштени, а стотина други се обидувале да се оддалечат од опожареното место.

Портпаролот на шумската служба во САД, Урија Ернандес изјавил дека нема потврда за повредени лица.

Претставници на пожарникарската служба на тоа подрачје наведуваат дека пожарот се заканува на уште 50 куќи. Поради ситуацијата, затворен е дел од автопатот, така што е создадена колона на возила од неколку километри.

https://www.youtube.com/watch?v=wOEZwYY3MGU

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...