fbpx

Во сообраќајна несреќа загина 24-годишен прилепчанец

-

Дваесет и четири годишниот Николче М. oд Прилеп утринава, околу 6 часот, загина во сообраќајна несреќа која се случила на патот Прилеп – Кривогаштани, кај селото Славеј.

Oд засега непознати причини, возилото со кое управувал, „рено меган“ со прилепски регистарски таблички, излетало од патот и паднало во поплавените ниви. Не се знае дали Николче М. починал од ударот или, пак, се удавил во возилото. Телото на загинатиот од возилото било извлечено со  помош на екипите на протипожарната бригада од Прилеп.

– Нашите екипи интервенираа по повик утрово, околу 6.20 часот. Возилото беше превртено на покривот и беше паднато во еден голем вир со вода. Кога пожарникарите го извлекоа возачот, тој веќе беше починат – истакна Станко Колески, командир на Противпожарната единица во Прилеп.

Екипа на итната помош можела само да ја констатира смртта.

– Кога екипата на итната медицинска помош пристигна на местото на несреќата, таа, за жал, можеше да ја констатира само смртта на починатиот Николче М. Останува нејасно од што починал Н.М. дали од ударот кога излетал од патот или, пак, се удавил во возилото од водата – истакна Гоце Јонзоски, началник на итна помош Прилеп.

Од СВР Битола ја потврдуваат информацијата и велат дека наредено е да се направи обдукција врз телото на Николче.

– На местото на несреќата, излезени се екипи на полицијата и на Јавното обвинителство од Прилеп и по барање на јавниот обвинител, ќе се прави обдукција врз телото – рече Сања Стаматовска, портпаролка на СВР Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...