fbpx

Во пожарот кај Бељаковце и Руѓинце изгореа три куќи и две помошни простории

Од Центарот за управување со кризи информираа дека после двочасовна неизвесна борба со огнот, пожарникарите успеале целосно да го изгасат овој голем пожар

-

Две стари куќи и две помошмни простории изгореа во пожарот кој избувна синоќа во селото Бељаковце, а пламените јазици пеплосаа и напуштена куќа во селото Руѓенце. Како што информира Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, иако се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучиле во текот на ноќта да гасат пожари.

Фото: ЦУК

Тој на својот Фејсбук профил објави видеа од акциите за гасење на пожарите. Во едно од нив, Ангелов ги повика пожарникарите да се повлечат од разгорените делови за да не си го ризикуваат животот.

„Прекини со акција, нема шанси ова да го изгасите, нема вода. Каде се другите двајца? Џабе е, да не се изложуваме на ризик, ќе влеземе во оган“, се слуша како Ангелов им се обраќа на пожарникарите од автомобил.

Фото: ЦУК

Aнгелов информира дека после двочасовна неизвесна борба со огнот, пожарникарите успеале целосно да го изгасат овој голем пожар.

„На двата крака остана по една дежурна екипа пожарникари од ТППЕ Кавадарци и Штип чија задача беше да внимаваат пожарот повторно да не се разбуди. Во овој момент, вторник наутро, пожарот не покажува никакви знаци на горење. Изгорената површина најверојатно е значително поголема од 100 ха, дополнително ќе излеземе со поконкретна проценка. Огромна благодарност до нашите пожарникари херои кои скокаа во огнот за да спасат човечки живот и имот“, напиша Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...