Во општините Центар, Аеродром и Карпош најлесно се вози велосипед

Јавната онлајн анкета покажала дека граѓаните најчесто го користат велосипедот како превозно средство за движење низ општините Центар, Карпош и Аеродром

-

Општина Центар ја понесе титулата за Највело општина во Скопје и околината за 2023, признание кое за првпат годинава го воведуваат Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи заедно со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак.

Бодувањето на општините се извршило врз база на критериум (методологија) развиен во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“.

Притоа, биле земени бројни карактеристики и активности кои општините ги сработиле за велосипедистите во периодот 2021-2023, а информациите биле побарани по пат на барање за информации од јавен карактер. Покрај тоа, била спроведена и јавна анкета наменета за граѓаните.

Методологијата ги следела европските и светските стандарди, но e прилагодена за локалното подрачје. Таа е резултат на соработка со општините кои имаа шанса да дадат свој удел во нејзината реализација.

Општините кои не доставиле информации добиле 0 бодови. Од вкупно 17 општини, четири општини не доставиле одговори.

Сепак, иако жири комисијата едногласно одлучи Општина Центар да биде прогласена за победничка, таа освои вкупно 49 бодови од можни 100. Ова покажува дека и покрај тоа што општината најмногу се залага за овозможување на услови за граѓаните, останува уште многу простор за подобрување.

Наградата од јавноста ја доби Општина Аеродром со освоени најмногу поени на јавната онлајн анкета пополнета од повеќе од 1.000 граѓани.

Наградата за рурална општина со најголем исчекор ја освои Општина Илинден. Оваа општина покажа значителен и најголем напредок за разлика од останатите рурални општини, инвестирајќи во нова велосипедска инфраструктура – вело патеки и паркинзи.

Покрај овие три, жири комисијата одлучи да додели уште две награди – за Најповрзувачка општина и Општина со најголем потенцијал.

Посебно признание од комисијата доби Општина Гази Баба за остварување на велосипедска рекреативна инфраструктура долж Вардар која воедно служи за поврзување со општините Аеродром, Центар и Карпош.

Општина Петровец, пак, го понесе признанието за општина со најголем потенцијал поради покажаниот интерес да инвестира во велосипедската инфраструктура преку изведбата на првата вело патека во општината, која го поврзува Скопскиот регион со светот.

„Би сакале да нагласиме дека целта на овие награди е општините преку позитивен пример да ги зголемат заложбите за подобрување на велосипедската инфраструктура, а со тоа и за климатска акција. Се надеваме дека изборот ќе продолжи и во иднина, па дури и да се претвори во традиција“, вели Мери Бакалова Стојанова од Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи.

Јавната онлајн анкета покажала дека граѓаните најчесто го користат велосипедот како превозно средство за движење низ општините Центар, Карпош и Аеродром.

Оценувајќи ја велосипедската инфраструктура, речиси половина од испитаниците (48,2%) изјавиле дека немало никакви нови инвестиции во последната година ипол.

„Една третина од испитаниците (37,4%), исто така, изјавија дека нивната општина не презема ништо за безбедноста на велосипедистите. Голем дел од граѓаните кои ги споделија своите мислења со нас велат дека не се чувствуваат безбедно да возат велосипеди со детско седиште или деца да возат сами, нагласувајќи дека може да биде особено ризично“, посочи Дарко Арсовски од НаТочак.

Еден од главните заклучоци на јавната анкета е и дека граѓаните не се задоволни од бројот на јавно достапни паркинзи за велосипеди, а и оние што ги има, во најголем дел ги сметаат за нефункционални.

Проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ го реализира Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...