ЗНМ ги осуди заканите кон новинарите што ја снимале депонијата што гори во Брвеница

-

Здружението на новинарите на Македонија денеска го осуди инцидентот во кој новинарска екипа на телевизијата ТВ Коха била спречена да ја врши својата професионална работа во врска со пожарот кој веќе втор ден гори во општина Брвеница.

Екипата на телевизијата била вербално нападната од лице во цивилна облека кое агресивно се однесувало и со викање, навреди и закани им забранувало да снимаат, а се обидело и да ги избрка од локацијата.

Од ЗНМ информираат дека до нив пристигнале реакции од повеќе колеги новинари и медиумски работници од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион кои се обиделе повторно да снимат инсерти од местото на настанот, но повторно истото лице со агресивен и остар тон им се обраќал на новинарите, па дури и физички се заканил кон нив и покрај присуството на полицијата.

„Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува овој инцидент и ќе го следи случајот. Бараме реакција и од општина Брвеница, која посочената депонија ја дала под концесија на приватен сопственик. Бараме и од МВР да се преземат конкретни мерки против лицето, со цел во иднина да не се случува попречување на правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните. Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество. Насилството и спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...