вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: велосипедска патека | 18 резултати

Повторно се афирмира идејата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга

јуни 2, 2023

Иницијативата за велосипедско поврзување на Охрид и Струга со пренамена на постојниот стар пат Охрид-Струга за движење исклучиво на велосипеди повторно се реафирмира. Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, на 24 јуни 2023 година организира ИПА ВЕЛО ВИКЕНД „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ“. „Тоа е традиционалната, овој пат седма по ред, рекреативна велосипедска тура […]

Општина Карпош ќе излезе на терен, кејот на Вардар ќе биде повторно осветлен

мај 31, 2022

На кејот на Вардар во скопската општина Карпош е регистриран дефект на уличното осветлување и поради тоа велосипедската и пешачката патека се неосветлени на потегот од мостот „Обединети Нации“ до мостот кај хотелот „Александар Палас“, информираа денеска за Мета.мк од Општина Карпош. „Екипи на општина Карпош во текот на денот ќе излезат на терен да […]

Кејот на Вардар во Карпош неосветлен, граѓаните навечер се рекреираат во темница [фото]

мај 30, 2022

Пешачката и велосипедската патека покрај реката Вардар во скопската општина Карпош изминативе денови воопшто не е осветлена. Граѓаните кои се рекреираат во вечерните часови се во опасност поради темницата. Со исклучок на многу мал број светилки кои работат, целата патека е неосветлена на потегот од мостот „Обединети Нации“ до мостот кај хотелот „Александар Палас“. Поради […]

Порталб: Касами ја достави во Обвинителство тужбата против Арифи за велосипедската патека

јануари 26, 2022

Тужбата што градоначалникот на Тетово Билал Касами ја најави против поранешната градоначалничка Теута Арифи за велосипедската патека е поднесена во Обвинителство. Ова го потврдија од општинската канцеларија за односи со јавност и од Основното обвинителство, пишува Порталб.мк. „За овој случај овластивме адвокат, и тој ги води постапките. Предметот е во обвинителството, адвокатот продолжува да ги […]

Субвенциите се единствената мерка на властите да ги стимулираат граѓаните да возат велосипеди

април 17, 2021

Субвенциите за набавка на велосипеди што почнаа да се доделуваат во неколку македонски општини изминативе години се единствената мерка што претставува стимул од институциите кон граѓаните за повеќе да возат велосипеди во своите средини. Меѓу локалните самоуправи кои делат субвенции за граѓаните е Градот Скопје, кој годинава ќе им додели на заинтересираните граѓани субвенции до […]

За да постане велосипедска рута, стариот пат Охрид-Струга мора да го прекатегоризира Владата

април 11, 2021

По речиси еден месец од смртта на младиот 17-годишен велосипедист од Струга на регионалниот пат Охрид-Струга којшто беше прегазен од автомобил, државните институции и општински власти си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да изгради велосипедска патека на овој патен правец или целосно да го затвори патот и од него да направи велосипедска патека што […]

Утре ќе се протестира пред општина Струга, активистите бараат велосипедска патека Струга-Охрид

март 12, 2021

По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга-Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, „Велосипедскиот клуб“ од Струга утре во 12:00 часот ќе протестира пред општина Струга и притоа ќе бараат реализација на нивните три барања со цел да се спречат други можни трагедии на овој пат, кој според нив е опасен, […]

Град Скопје ќе го продолжува булеварот Борис Трајковски кон населбата Драчево

февруари 23, 2021

Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Скопје за 2021 година, со која се предвидува реконструкција и проширување на булеварот Борис Трајковски од населбата Пинтија до Драчево, информираат од Град Скопје. „Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе […]

Град Скопје делумно ги прифаќа предлозите од „На Точак“ за развој на велоинфраструктурата догодина

декември 14, 2020

Буџетот на Град Скопје за 2021 година е во финална фаза на подготовка и градските власти делумно ќе ги прифатат доставените предлози на граѓанската иницијатива „На Точак“ за развој на велосипедската инфраструктура, унапредување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и целосно ослободување на кејот на реката Вардар. „Предлозите на иницијатива „На Точак“ за Буџетот на […]

За повеќе велосипеди на улиците, догодина мора да се развива велосипедската мрежа, безбедноста и кејот на Вардар

ноември 27, 2020

Од граѓанската иницијатива „На Точак“ сметаат дека 2021 година треба да биде ударна година за велосипедскиот сообраќај во Скопје, во која ќе се вложи во велосипедските патеки и ленти, односно во развој на велосипедската мрежа, а ќе се работи и на унапредување на безбедноста во сообраќајот за велосипедистите и на целосно ослободување на кејот на […]

Љубителите на планинскиот велосипедизам добија нова патека на Водно (галерија)

октомври 2, 2020

Љубителите на планинскиот велосипедизам од утре ќе може да возат по новата нагорна пионерска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. Официјалното отворање на патеката ќе биде во 12 часот на средно Водно, а претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат на натпревар во организација на „Прв до врв“. Натпреварот ќе […]

На Скопје му треба нов систем за изнајмување велосипеди и негово интегрирање со јавниот превоз

јуни 9, 2020

Градот Скопје не треба да се откажува, туку треба да го имплементира новиот автоматизиран систем за самоизнајмување велосипеди во главниот град, но и да го интегрира велосипедскиот сообраќај со јавниот превоз. Ова е стручниот став на универзитетскиот професор по јавен градски превоз Никола Крстаноски од Техничкиот факултет од Битола. Во периодот на глобална пандемија со […]

За да го намали загадувањето, Град Скопје ќе ги следи препораките од државниот кризен штаб

мај 16, 2020

Започна намалувањето на вонредните мерки со кои се ограничи движењето на граѓаните, кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Со забавување на човековите активности што и штетат на Земјата се намали загадувањето. Тоа го покажуваат и последните податоци за намалувањето на присуството на ПМ-2,5, ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во […]

Општина Чаир ќе доделува субвенции за велосипеди

јули 27, 2018

Општина Чаир денеска ја пушти во употреба велосипедската патека на улицата Втора Македонска бригада и соопшти дека ќе доделува субвенции за велосипеди. Новата велосипедска патека е поставена на коловозот на улицата и е обележана со пластични конуси. Таа беше поставена заедно со Град Скопје, а завршувањето на работите денеска свечено го одбележаа градоначалникот на општина […]

Страна 1 од 1