Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Вупната бројка на болни кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во сите болниците во државата изнесува 971, а има околу 400 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа само во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 580 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во Битола се хоспитализирани 37 пациенти, во Штип има 53 пациенти, на инфективното одделение во Тетово се 25 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 99 лица позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се на лекување 65 пациенти, во Прилеп 70, во Гостивар 35, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица има хоспитализирани 52 пациента, во Кочани 23, во Кичево 10, во Кавадарци 26, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Во ковид центрите во Скопје во последните 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекува 391 болен. Хоспитализирани се 28 нови пациенти, на интерните клиники имало 8 приеми, по еден пациент во Клиниката за гастроентерохепатологија и на Кожната клиника, двајца на Клиниката за Нефрологија и четворица во Ковид центарот на Неврологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, на Инфективната клиника се хоспитализирани 9 болни.   

Дома се пуштени 35 оздравени пациенти. 

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 24 пациенти,  во ковид центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 11 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 99 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца, Козле, има 41 пациент. 

„Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 115 слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопштуваат од Министерството за здравство.