fbpx

Во ковид центрите во Скопје се лекуваат 375 лица од корона вирус, има слободни 120 кревети

-

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 375 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симптоми на корона вирусот. Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 10 болни. На гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, соопштија од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...