fbpx

РКЕ: Само ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапе за 0,50 дени, другите бензини со исти цени и во наредната недела

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги,РКЕ, денеска донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто, во однос на цените донесени на 28 декември 2020 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од пред една недела. Додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 дени за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС е повисока за минимални 0,062 денари за килограм, во однос на 28 декември минатата година.

Така, од утре, 5 јануари 2021 година, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95 -61 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 – 62,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 53 денари за еден литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 52,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе се продава за 28,763 денари за килограм.

РКЕ извести дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување, кај бензинот за 2,036 отсто, дизелот за 0,581 отсто, екстра лесното масло 0,566 отсто и мазутот 0,760 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,354 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...