fbpx

Во ковид центрите низ земјава се лекуваат 585 пациенти, има 480 слободни кревети

-

Денешните податоци на Министерството за здравство покажуваат дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 585 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 348 се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава. Додека пак, на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 237 лица сомнителни и потврдени за корона вирус.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 8, Кавадарци 41, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие, на интерните клиники во главниот град немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 5 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ велат од ресорното министерство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 6 оздравени пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...