Фото: Министерство за здравство

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 164 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерството за здравство, според податоците од последните 24 часа, како и дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 99 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 11, во Штип 10, на инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 23. Во ковид центарот во Охрид има 15 пациенти, во Прилеп 6, во Гостивар 4, а во Струга 7 болни. Во болницата во Струмица лежат 7 пациенти, во Кичево 2, а во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани лица.

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 4 пациенти, а вкупно се лекуваaт 65 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19. Дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 22 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 35.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, соопштија од Министерството за здравство.