Фото: Министерство за здравство

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 249 и има околу 538 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците во последните 24 часа. 

Во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 149 пациенти. Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 3 пациенти, а вкупно се лекуваaт 100 болни сомнителни и потврдени за ковид-19.

На Институтот за ТБЦ немало приеми, во ГОБ „8 Септември“ биле примени двајца пациенти, а еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациентa.

Во моментов во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 лица, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места.