fbpx

Во Јапонија евакуирани 170.000 лица, по налетот на тајфунот Етау

-

Во Јапонија се евакуирани 170.000 луѓе како резултат на силните дождови, поплави и лизгалишта по ударот на тајфунот Етау.

Според наводите на пожарникарската и на службата за кризни ситуации, 15 лица се повредени во налетот на невремето, меѓу кои две лица потешко, додека две лица се водат за исчезнати.

Неколку илјади луѓе сè уште се заробени во своите домови, откако реките ги поплавиле коритата.

Властите советувале да се евакуираат уште околу 800.000 луѓе на истокот на Јапонија.

Обилните врнежи што следуваа по налетот на тајфунот Етау го погодија Токио, но најмногу биле погодени областите Ибараки и Точиги, северно од престолнината. Силните врнежи не престануваат веќе втор ден, а стотина куќи се поплавени.

https://www.youtube.com/watch?v=Bte35Sw3eA0

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...