fbpx

Во Италија во август влегле 23.000 мигранти, соопшти Фронтекс

-

Околу 23.000 илегални мигранти влегле во Италија во август годинава, а во најголем дел од случаите станува збор за лица што го преминале Средоземно Море, соопшти денеска Агенцијата за контрола на надворешните граници на Европската Унија (Фронтекс).

Од почетокот на годината, во Италија стигнале вкупо 117.900 мигранти, главно со бродови од Либија, а Фронтекс наведува дека овие бројки се на нивото на минатогодишните.

Од агенцијата соопштуваат дека во август било забележано значајно зголемување на бројот на мигранти кои од Турција влегуваат во Грција, вкупно 3.430, првпат по стапувањето на сила на договорот меѓу Европската Унија и Турција за запирање на мигрантскиот бран.

Сепак, оваа бројка претставува смо три отсто од бројот на мигранти што лани во август стигнале на грчките острови од Турција.

Мигрантите кои ја користат грчката рута, најчесто доаѓаат од Сирија, Пакистан, Авганистан или Ирак, додека на италијанската рута, преку Средоземно Море, најчести се мигрантите од Нигерија, Еритреја и од Бангладеш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...