ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски опстојува од манипулации и лаги

-

Мераклиите за земање мито и рекет преку хаусмајстори и возачи може да се престават за се, освен за чесни луѓе, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски дадена по сослушувањето во Специјалното јавно обвинителство.

„Најнеспособниот градоначалник во Македонија, во изминатите години наместо од работа и проекти политички опстојува од манипулации, лаги и политички флоскули. Кога беше претседател на партија не се одлучи сам со својата партија да излезе на избори бидејќи знаеше што го чека од граѓаните, па мораше да се врати во позицијата привезок на СДСМ. Одамна е прочитан овој  евтин интригант кој денес откако е сменет од претседател на неговата партија, од неговите членови тој е и целосно партиски маргинализиран“, стои во реакцијата.

 

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...