ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи да го унапредува образованието

-

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на унапредување на квалитетот на образовниот систем во земјата, како од аспект на воспитно-образовниот процес, така и од аспект на инфраструктурните услови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на прес-конференцијата на СДСМ.

„Развојот на образованието е еден од клучните приоритети во работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а за тоа, доволно зборува податокот дека од 2006 година досега, буџетот наменет за оваа сфера е зголемен за 67 проценти. Во овој период, изградени се нови 45 основни и пет средни училишта, а реконструирани се 230 основни и 80 средни училишта, за што се вложени повеќе од 2,2 милијарди денари. Изградени се 41 училишна спортска сала во вредност од 1,2 милијарди денари, набавени се компјутери и дополнителна информатичка опрема за сите ученици и наставници. Веќе шест години по ред се обезбедуваат бесплатни учебници за учениците, кои во времето на СДСМ родителите ги чинеа многу пари, а за што оваа Влада досега одвои повеќе од 35 милиони евра. Обезбеден е бесплатен превоз за учениците кои живеат на повеќе од два километри од училиштата, обезбедени се многу нови можности за стипендирање на учениците“, стои во реакцијата од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека сите ветени и реализирани проекти, мерки и активности, се мотив повеќе да продолжат со нивните континуирани заложби во рамки на еден од клучните програмски приоритети.

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...