fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека нема чувство на одговорност кон државата

-

„Денешната прес-конференција на СДСМ е срамна и предавничка. Со денешните монтирани, прилепувани и сечени разговори, СДСМ покажува дека нема ниту грам чувство на одговорност кон државата, но и кон бранителите и сите останати граѓани“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на СДСМ во Гостивар.

„СДСМ толку навлезе во манипулации, што се самите контрадикторни, секоја лага е спротивна на претходната и секоја нивна наредна теза е понеиздржана. Со монтираните и сечени разговори, СДСМ сака еднаш да ја прикаже ВМРО-ДПМНЕ како лесен преговарач, веќе наредниот пат тие обвинуваат за непопустливост. СДСМ еднаш вели дека во државата сè се контролирало партиски, а веднаш потоа обвинуваат дека се немало контрола. Тоа покажува дека и СДСМ веќе не знае како да излаже. Вистината е во она што навистина се случило, во реалните факти и настани кои сите ги паметиме“, стои во реакцијата.

Владејачката партија наведува дека СДСМ ќе се памети по расформирањето на единицата „Лавови“, по прогонството на бранителите, нивното јавно понижување, по меѓусебното конфронтирање на безбедносните структури, по единствениот случај во кој македонската полиција ја принудија да впери оружје кон сопствените колеги, кои во месноста Стенковец си ги бараа своите права, што само ја покажува неразбирливата страст на СДСМ помеѓу себе да се закрвуваат Македонците, по сцените пред Собранието и пред Министерството за внатрешни работи, кога жени-бранителки кои мирно протестираа беа влечени за коса, а мажите-бранители тепани.

ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението наведува дека СДСМ ќе се памети по тоа што нечовечки јавно ги исмејуваше и ги понижуваше припадниците на безбедносните сили, нарекувајќи ги „животинско царство“, по бруталното убиство на Диме Ицковски-Поштарот, по стотиците деградирања на работните места, по заканите од Верушевски дека ќе ги беси жените на припадниците на безбедносните сили, монтираните апсењата на припадниците на безбедносните сили чија режија ја правеа кадрите на СДСМ, Зоран Верушевски и Бранко Бојчески, при што на малолетните деца на бранителите им беа вперувани пиштоли. Владејачката партија, исто така, потсетува и на бркањето од работа на повеќе од 1.600 припадници на безбедносните сили, на опструкциите и блокадите на безбедносните сили за да се жртвуваат војниците и полицајците во критичните региони, како, на пример, Радуша, на скандалите од деведесеттите години, на чудното самоубиство со два куршуми на полицајката, на нерасветлените и сомнителни убиства на телохранителите на Глигоров и на многу други случаи.

„Сите овие случувања се факти и докази кои реално се случиле. Сите го знаат придонесот на ВМРО-ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ. Ова е вистината која сите ја паметиме, а не некакви монтирани, сечени и дообјаснувани работи, кои се ставани во одреден манипулативен контекст. Тоа што СДСМ прибегнува кон вакви манипулации е показател дека нема никаква поддршка од граѓаните, деструктивните политики не се начин на водење политика. Така, на власт, без програма, проекти и конкретни предлози, не се доаѓа. На крајот од денот, народот е тој што го има последниот збор. Народот знае да процени што е добро, а што е лошо за државата“, се наведува во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...