fbpx

Бројот на загинатите во Непал се искачи на 1.100

-

Повеќе од 1.100 загинати е последниот биланс од земјотресот со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала во Непал, соопштија непалските власти.

Според податоците на непалското Министерството за внатрешни работи, 181 лице се загинати во главниот град на Непал, Катманду.

Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот предизвикал лавина, која се урнала над планинарски камп на Монт Еверест. Според податоците на полицијата, осум лица се загинати, а 30 се повредени. Не е исклучена можноста меѓу загинатите и повредените да има и странци.

Земјотресот има разорно дејство и во соседните земји. Триесет лица загинале во Индија, шест во Тибет, двајца во Бангладеш, а двајца Кинези го загубиле животот на непалско-кинеската граница.

Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот предивикал голема материјална штета. Повеќе згради во Катманду се урнати, патишта се уништени, а погоден е и меѓународниот аеродром.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...