fbpx

ВМРО-ДПМНЕ бара партиите „што ѝ мислат добро на државата“ да го прифатат манифестот

-

ВМРО-ДПМНЕ претпладнево, во редоовното утринско соопштение, повика политичките партии и сите „што ѝ мислат добро на државата да го прифатат манифестот“ што го презентираше партијата викендов.

„Обединување околу националниот интерес, како и зачувување и промоција на националниот, културниот и на јазичниот идентитет на Македонците и на граѓаните на другите етнички групи во земјата и надвор. Интеграција во ЕУ и во НАТО, како наши стратешки приоритети и цели. Признавање дека македонскиот јазик е интегративен елемент на сите граѓани во нашето општество без разлика на нивното потекло. Манифестот предвидува гаранции македонскиот народ да не може да биде надгласан за својот идентитет и верска толеранција. Спроведување попис на населението, што е неопходен услов за остварување општ развој на општеството. ВМРО-ДПМНЕ преку манифестот предвидува национално обединување околу целите за подобра економија, поголем пораст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи и новоотворени работни места за нашите граѓани“, порачува, меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека очекува од СДСМ и сите други политички чинители, ако ѝ мислат добро на Република Македонија, да го прифатат овој манифест како „подадена рака за градење на просперитетна и силна држава“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...