fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов нема елементарни познавања од областа

-

СДСМ повторно лови во матно со лаги и со манипулации, стои во реакцијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на Петар Атанасов за наводните притисоци во образованието.

Од партијата велат дека интерниот министер за образование од редовите на СДСМ нема елементарни познавања за областа што претендира да ја раководи, а доказ за тоа се паушалните прес-конференции, на кои изнесува невистини.

„ВМРО–ДПМНЕ чувствува обврска да му појасни на Петар Атанасов дека денеска говореше за еден од поголемите проекти на Владата содржан во програмата за работа до 2018 година, кој предвидува основање на опсерваторија на вештини, на чиишто подготовки за имплементација во соработка со Светската банка и со Европската тренинг-фондација се работи уште од 2014 година и кој, на 26 јануари годинава беше јавно промовиран од надлежните институции. Опсерваторијата на вештини ќе биде мошне корисна алатка за креирање приказ за корелацијата на работната сила што произлегува од средното и од високото образование, со потребите на пазарот на труд. Односно, преку компјутерски софтвер за вкрстување и за обработка на податоци од акредитираните високообразовни установи, средните училишта, од Агенцијата за вработување, Центарот за образование на возрасни и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се однесуваат на лица што завршиле средно или високо образование“, стои во реакцијата.

Од партијата појаснуваат дека опсерваторијата ќе обезбедува јавно достапни информации за вработливоста по генерации, за вработливоста по одредени струки, за очекуваното време до работното ангажирање, за заработката по образовен профил, воопшто за можностите за вработување и слично.

„Тоа ќе им помогне на идните средношколци и студенти при изборот на насоките, но, од друга страна, ќе им помогне и на надлежните институции во креирањето на идните образовни политики, како и политики за елиминација на оставштината на СДСМ од времето на нивното мрачно владеење – високата невработеност. За потребите на опсерваторијата ќе се изработуваат таканаречени „трејсер студии“, кои подразбираат директно обезбедување на потребните информации од лицата за кои ќе се однесува конкретна анализа, преку пополнување посебни прашалници формулирани исклучиво за оваа намена. Првата „трејсер студија“, како што и напоменавме, беше јавно објавено дека ќе се реализира годинава и ќе бидат опфатени дипломираните ученици и студенти во учебната 2014/2015 година. Нашата цел е јасна, транспарентна, суштинска и многу поинаква од размислувањата на Петар Атанасов дека се работи на врбување идни гласачи кои првпат ќе гласаат оваа пролет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...