fbpx

СДСМ: Да престанат заканите и притисоците во образованието

-

Опозицискиот СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ почнала да врши политички притисоци и предизборна корупција во образованието.

– Информациите доставени до СДСМ покажуваат со какви средства се служи власта во заминување во обид да изврши уште една изборна измама. Пред неколку денови од едно средно училиште од Скопје, од страна на МОН, се побарани податоци за учениците што завршиле средно образование минатата година, кои треба да бидат доставени до 20 февруари. Бараните податоците се име и презиме на ученикот, број на мобилен телефон, електронска адреса. Имено, се работи за идни гласачи кои првпат ќе гласаат оваа пролет.
Во општинската зграда во Битола биле повикани наставниците што биле вработени во училиштата од 2007 година до денес. Секако, се работи за партиска активност на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно власта во заминување решила да ја проверува лојалноста на вработените во нивно време, со политички притисоци врз нив – соопшти Петар Атанасов.

Од СДСМ велат дека Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар сè уште не ги објавиле ранг-листите на наставниците за екстерното тестирање од минатата година, кои требало да бидат објавени до септември 2015 година.

– Очигледно намерата на власта во заминување е да калкулира со резултатите за да ги држи наставниците како заложници токму пред изборите. Предупредуваме, наведените примери се строго казниви со изборните закони, а нивното прекршување директно го загрозуваат правото на слободно изразување на изборната волја на граѓаните – рече Атанасов.

Од партијата ги повикаа просветните работници врз кои се врши притисок во функција на изборите, да го пријават тоа.

– Поради бескрајните злоупотреби за време на изборите и во предизборниот период,
бараме од Владата, во функција на фер и демократски избори, да не се одржи екстерното тестирање кон крајот на оваа школска година. На тој начин ќе бидат спречени можните злоупотреби од власта како предизборна корупција и манипулација во образовниот процес – рече Атанасов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...