fbpx

Кундерс: Македонија нема да биде жртва на бегалската криза

-

Кралството Холандија ќе ја поддржи Македонија во справувањето со кризата, изјави шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, при посетата на прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

Кундерс, исто така, рече дека земјите-членки на ЕУ, заедно со Македонија и со другите земји од регионот, треба најдат заедничко решение за бегалската криза и оти границите треба да останат отворени за мигрантите, но со засилени мерки за идентификација и за регистрација.

– Македонија нема да биде жртва на бегалската криза. Затоа дојдов токму оттука да ја поддржам Македонија. Тоа ќе го сторам и на идниот состанок на оваа тема што ќе е одржи в четврток во Брисел – посочи Кундерс.

Државниот секретар во МВР, Анастасија Илиеска, го запознала министерот Кундерс со опременоста на кампот и со неговата подготвеност за прифаќање на бегалците и соопштила дека Македонија ќе продолжи ќе ги исполнува своите обврски со засилени мерки на идентификација. Таа истакнала дека ќе продолжи политиката да се пропуштаат само бегалците од подрачјата зафатени со војна.

Илиеска, исто така, го информирала Кундерс дека соработката со грчката страна сè уште не е на потребното ниво и оти Фронтекс сè уште ја нема исполнето обврската за распоредување на 26 полицајци на грчката граница.

– Од сето тоа во Грција моментно има само шест припадници на Фронтекс, од кои двајца се сниматели и преведувачи, поради што ние бевме принудени на нашата граница да побараме засилување и помош од колегите од Хрватска, Србија, Унгарија и од Чешка – рече Илиеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...