вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Петар Атанасов | 29 резултати

Владата го стави во мирување изборот на нов ректор на УКИМ поради корона вирусот

јуни 6, 2020

Владата на вчерашната седница одлучи да го стави во мирување изборот на нов ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје по реакциите што беа упатени од дел од кандидатите за избор на оваа функција и од Независниот академски синдикат (НАКС). Владата го допрецизираше членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, со кој […]

Интервју, Петар Атанасов: Сакав да бидам министер оти малку се прави во образованието

јуни 26, 2019

Во образованието владата прави малку, или недоволно. Оттука мојата реакција и желбата да го водам овој ресор, со целосна одговорност, вели во интервју за „Мета“ доскорешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов, кој со ова потврдува дека една од причините за оставката е и амбицијата да стане министер. Тоа синоќа во телевизиско интервју го кажа и […]

Oставката на Атанасов oтвoра дилеми: Каде се образовните реформи?

јуни 24, 2019

Оставката на заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, отвара прашања за анализа – зошто стојат во место образовните реформи и зошто не се реализира во пракса сето она кое се очекуваше и ветуваше во изминатиот период? Атанасов вели дека главните приоритети во образованието за поголем квалитет, не се исполнети и дека ако се продолжи […]

Атанасов: Премиере, Вие најдобро знаете зошто не ги остваривме промените во образованието!

јуни 24, 2019

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, на статус на Фејсбук напишал дека си поднесува оставка од функцијата, обраќајќи се на јавноста и на премиерот Зоран Заев. Причина за ваквата одлука е, како што напишал, неумеењето Владата да ги реализира промените кои биле ветувани. Тој, исто така, порачува и дека „револуцијата почнала да ги јаде […]

Aдеми: Учениците и наставниците да не се плашат од националното тестирање 

февруари 21, 2019

Одговорните во Министерството за образование и наука анализираат од кога би го вовеле националното тестирање за учениците, кое ќе биде своевидна замена на екстерните тестови. Министерот Арбер Адеми на со новинарите изјави дека заедно со Државниот испитен центар и Бирото за развој на образованието, ќе биде изготвен акциски план кој ќе биде претставен пред Владата, […]

Проектот „Компјутер за секое дете“ оди во историјата, нема да има наследник

февруари 7, 2019

Иако за „Мета“ неодамна заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, најави наследник на проектот „Компјутер за секое дете“, министерот Арбер Адеми денеска изјави дека тоа сепак нема да се случи. Во буџетот за оваа година не се предвидени пари за компјутерски уреди за учениците. – Не велам дека е лоша идејата за компјутери во […]

Поради загадувањето, распустот продолжен до утре

јануари 21, 2019

Поради зголеменото загадување на воздухот, зимскиот распуст на сите ученици од државните и приватните основни и средни училишта е продолжен до утре, соопшти заменик-министерот за образование Петар Атанасов. Првиот работен ден во второто полугодие ќе биде среда. Одлуката е донесена од Министерството за образование и наука во координација со Министерството за животна средина и просторно […]

Атанасов: Со Агенцијата за квалитет, нема повеќе „политичарите се виновни“

декември 12, 2018

Со формирањето на Агенцијата за квалитет во високото образование ќе се стави ред во оваа област, затоа што одлуките ќе ги носат универзитетски професори, изјави за „Мета“ Петар Атанасов, заменик-министерот за образование и наука, по вчерашната владина одлука за формирање на ова ново тело. Двата органи кои ќе бидат во состав на Агенцијата – Oдборот […]

Државата подготвува нов проект „Компјутер за секое дете“ и дигитализирање на наставата

ноември 21, 2018

Министерството за образование подготвува наследник на проектот „Компјутер за секое дете“. Ова за „Мета“ го најавува заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов кој вели дека наставната програма неопходно е да се дигитализира, со што ќе им се овозможи на учениците да се образоваат од современи помагала. – Тоа е една голема промена која ќе […]

Екстерното се укина, државното никако да почне

ноември 16, 2018

На почетокот на оваа учебна година, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов најави дека државата ќе спроведе тестирање на државно ниво кое треба да ги замени екстерните тестови. Првото тримесечие од оваа учебна година измина, а сè уште е неизвесно од кога би почнало да се спроведува ова тестирање. Министерот Арбер Адеми досега не […]

Анализа и инфографик: Не ги заслуживме бесплатните учебници

октомври 9, 2018

Државата речиси 10 години наназад обезбедува бесплатни учебници за сите основци и средношколци во Македонија. Искуството и праксата низ годините покажаа дека децата и родителите не се грижат добро за нив, но одговорност за таквата ситуација сносат и одговорните во институциите, кои не наоѓаат начини тие да бидат поквалитетно изработени и печатени. Пред 10 години, […]

Атанасов: Учебниците доцнат, но не се потпирајте само на нив

септември 10, 2018

И оваа учебна година започна без учебници во основното и во средното образсование. Добар дел од оние од лани и од изминатите години се стари, искинати, мрсни, ишарани и оштетени, па родители по социјалните мрежи реагираа дека сами ќе купат нови комплети бидејќи е невозможно да се учи од партали. По неуспешниот обид за ова […]

Снежана Калеска-Ванчева седна во пратеничката фотелја на Петар Атанасов

август 29, 2018

Собранието го верификува мандатот на пратеничката Снежана Калеска – Ванчева од СДСМ, која доаѓа на местото на пратеникот Петар Атанасов. Атанасов на 23 овој месец поднесе оставка на функцијата, која денеска беше констатирана. Се очекува тој да биде избран за заменик-министер за образование и наука. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави дека […]

ВМРО-ДПМНЕ: Бледи се манипулациите на СДСМ наспроти фактите

април 9, 2017

ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагираше на денешната прес-конференција на Петар Атанасов, кој рече дека учениците од Македонија покажале меѓу најслабите резултати според светски релевантната организација ПИСА, на тестирањето по наука, математика и читање со разбирање, како и дека според ОЕЦД и Светската банка, повеќе од 2/3 од учениците на возраст од 15 години се функционално неписмени. „СДС […]

Петар Атанасов: Лошото образование се скрши врз грбот на децата

април 9, 2017

Потребно е итно да се деблокира Собранието и да се формира новата реформска Влада, којашто ќе почне веднаш да работи на последиците од катастрофалните образовни политики на досегашната власт. Во прашање се нашите деца!, порача денеска Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование на СДСМ. Тој нагласи дека две релевантни меѓународни институции, ОЕЦД и Светската […]

Вељаноски го прекина петтото продолжение, СДСМ повика на подобра Македонија без Груевски

март 31, 2017

Претседавачот на конститутивната седница на новиот собраниски состав, Трајко Вељаноски, во 17.05 часот го прекина петтото продолжение на оваа седница, кое мина во знакот на голем број процедурални забелешки, со многу малку кажано за членовите на Комисијата за прашања на изборите и за именувањата, и продолжението го закажа за понеделник во 11 часот. На прекинот […]

Атанасов: Овој јуни нема да има екстерно тестирање

март 24, 2017

Oвој јуни нема да биде најстресниот месец во годината за учениците, наставниците и за родителите, бидејќи новата влада уште на првата владина седница ќе го укине нелогичното екстерно тестирање, кое освен притисоци врз учениците и казни за наставниците, не донесе ништо добро, велат од СДСМ. Оттаму најавуваат крупни реформи во образованието, кои треба да обезбедат […]

СДСМ бара да престане злоупотребата на ученици во партиски цели

март 16, 2017

Повикуваме веднаш да престане злоупотребата на ученици за партиски цели и, уште посериозно, за протести на кои се поттикнува и се шири етничка и национална омраза, вели Петар Атанасов, претседател на комисијата за образование на СДСМ. Од СДСМ велат дека тоа што го прават директорите на училишта, под директива на ВМРО-ДПМНЕ, е кривично дело и за […]

Атанасов: Веднаш да престане злоупотребата на ученици за партиски цели

март 3, 2017

Остра осуда до повиците до ученици да се бојкотира наставата заради протестите во последниве денови, изрече денеска Петар Атанасов, претседател на комисијата за образование на СДСМ. – Тие што злоупотребуваат деца и ученици, за лични, партиски, криминални агенди, многу бргу ќе се соочат со законот и ќе одговараат. Недозволиво е да се повикуваат ученици да бојкотираат […]

СДСМ вети нов студентски дом во Штип до крајот на 2017 година

септември 10, 2016

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) најави дека доколку победи на изборите на 11 декември, владата предводена од оваа партија ќе изгради модерен студентски дом во Штип до крајот на 2017 година. „Новата влада на СДСМ ќе ги има студентите на врвот на листата на приоритети. Додека Спиро Ристовски и Никола Груевски сè уште размислуваат за потребата […]

Страна 1 од 2