fbpx

Николовски: Одоговорност за криминалните политики на Груевски мора да има

-

Членот на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, и генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаа средби со лозарите од Кавадарци и од Неготино.

Како што соопштуваат од партијата, лозарите се пожалиле дека трошоците им стануваат сè поголеми, откупните цени на грозјето се помали од година во година, а исплатата на субвенции доцни.

Николовски и Спасовски ги образложија мерките од програмата на СДСМ кои новата влада ќе ги спроведе по промените, во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

– Токму поради погрешните, криминални политики најавуваме дека веднаш по промена на власта, прво што ќе имаат лозарите е сигурност на производството и пониски производствени трошоци. Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра. За разлика од досега, земјоделците ќе ги добиваат навремено и тогаш кога им се најпотребни, пред почетокот на сезоната – рече Николовски.

Спасовски им соопштил на насобраните дека мора да се врати вербата во судството и во полицијата.

– Во изминатиот период почнавме да ги разобличуваме криминалите на Груевски и на „фамилијата“. Мораме да ја вратиме државата назад на граѓаните, да ја вратиме вербата во судството, во полицијата за повторно граѓаните да живееат слободно, да се чувствуват сигурно во сопствената држава – порача генералниот секретар Оливер Спасовски.

Зборувајќи за актуелните случувања, како што се наведува во соопштението, Николовски рекол дека Никола Груевски не сака слободни медиуми бидејќи тогаш нема да може да шири лаги, сокривајќи ги криминалот и корупцијата.

– Груевски три дена бега и не сака да одговори за отворените постапки против дел од неговите најблиски соработници. Нека не се крие зад своите медиумски курири, платени со милиони евра народни пари, туку нека излезе пред граѓаните и нека одговори –  порача Николовски.

Николовски и Спасовски на средбите со граѓаните на Кавадарци и на Неготино беа придрижувани од координаторката на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, претседавачот на централниот одбор на СДСМ, Диме Велковски, и од претседателот на комисијата за транспорт на СДСМ, Благој Бочварски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...