fbpx

Владата утврди насоки за реализација на реформските приоритети

-

Владата на денешната седница утврди насоки за реализација на реформските приоритети важни за евроатлантските интеграции на Македонија.

„Уште од утре, работни групи на различни владини нивоа почнуваат со дефинирање мерки за краткорочен тримесечен план, како и за среднорочни планови од шест и девет месеци, за реализација на клучните реформски приоритети на Република Македонија. Станува збор за подготвување документ – патоказ, со дефинирани обврски на Владата во делот на реформскиот процес важен за евроатлантските интеграции“, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

Во контекст на вчерашните препораки од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Владата констатирала дека е потребно да се работи на обезбедувањето професионални институции, владеење на правото, услови за објективно функционирање на медиумите, антикорупциски мерки. Исто така е констатирана и потребата од безбедносни и одбранбени реформи, за вистинска модернизација и професионализација на АРМ.

Владата на денешната седница го продолжи рокот за земјоделците, за аплицирање за субвенции до 15 септември, од сегашниот рок – 30 јуни, и ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година, со што ќе се овозможи обесштетување на земјоделците кои имаат штети од поплавите во Тетовско на почетокот на јуни годинава, како и за земјоделците кои претрпеа штети од пролетните мразеви во 2016 и 2017 година. На седницата беа донесени измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален развој по скратена постапка, со што се создадени услови да почне исплатата на субвенциите на тутунарите за минатата реколта.

Владата денеска го именуваше министерот за финансии, Драган Тевдовски, за гувернер за Македонија во ЕБОР, како и за гувернер во групацијата Светска банка. За заменик гувернер за Македонија во ЕБОР, како и во групацијата Светска банка е именуван вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

На денешната владина седница е констатиран прекин на мандат на градоначалникот на општина Боговиње, како и на градоначалникот на општина Липково, со што се создадени услови за именување в.д. градоначалник од редот на советниците во општината, до следните локални избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...