среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: реформски приоритети | 15 резултати

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

јули 5, 2017

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. – Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување […]

Заев и Османи напладне ќе ги откријат деталите од реформскиот план „3 – 6 – 9“

јули 5, 2017

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска напладне на прес-конференција во Владата ќе ги соопштат деталите од предлог-планот „3 – 6 – 9“ за спроведување на реформските приоритети. Владата на вчерашната седница го усвои планот, кој треба да придонесе за добивање неусловена препорака за почеток на преговорите со ЕУ, како и […]

Владата го усвои предлог-планот за итните реформи „3 – 6 – 9“, деталите подоцна

јули 4, 2017

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвои предлог-планот „3 – 6 – 9“, за спроведување на реформските приоритети, неопходни за евроатлантските интеграции на земјава, соопшти владината прес-служба, додавајќи дека деталите од планот дополнително ќе бидат соопштени. На седницата од Министерството за внатрешни работи било соопштено дека поради застареност е потребно да се ревидира […]

Прибе: Неопходна е мобилизација на институциите за спроведување на реформите

јуни 27, 2017

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, денеска имаа работен појадок со експертот од ЕУ за реформските приоритети, Рајнхард Прибе. Димитров изразил благодарност за ангажманот на експертскиот тим предводен од Прибе, кој со прецизното детектирање на недостатоците во неколку клучни области придонесе во процесите за надминување на политичката криза. […]

Хан: Пофалби до Заев за покажаното лидерство и за подадената рака кон соседите

јуни 26, 2017

Пофалби за премиерот Зоран Заев за покажаното лидерство во односот со соседите и за ставањето настрана на политичките и на етничките поделби, напиша еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на „Твитер“ по средбата со премиерот Зоран Заев. „Добра средба со премиерот Зоран Заев во Скопје. Земјата сврте нова страница, отворајќи го патот […]

Хан денеска на средби со Владата за имплементацијата на реформските приоритети

јуни 26, 2017

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска доаѓа во посета на Скопје, каде ќе присуствува на седница на Владата, посветена на реформските приоритети, а потоа, како што соопштија од владината прес-служба, ќе има заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев. Хан пред почетокот на седницата ќе има тет-а-тет средба со Заев, а потоа […]

В понеделник ни доаѓа Хан, во вторник Прибе

јуни 19, 2017

„Посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и неговото учество на отворена владината седница е најверојатно преседан за Македонија, со што се создава нова клима. На Хан ќе му предложиме нацрт-план со мерките, активностите и со временските рамки за реформските приоритети“, рече вицепремиерот Бујар Османи во Владата денеска, најавувајќи ја агресивната кампања што во следниве неколку месеци треба […]

Османи: Почнуваме агресивна кампања за реализација на реформските приоритети

јуни 19, 2017

Владата почнува една агресивна кампања за постигнување на клучните реформски приоритети, за да постигнеме еден напредок во следните неколку месеци, кои ќе бидат посветени исклучиво на ЕУ-агендата, за потоа да може да ги почнеме и преговорите за пристапување кон ЕУ, рече вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, на прес-конференција. Посочувајќи дека бидејќи е надмината политичката криза […]

Владата утврди насоки за реализација на реформските приоритети

јуни 13, 2017

Владата на денешната седница утврди насоки за реализација на реформските приоритети важни за евроатлантските интеграции на Македонија. „Уште од утре, работни групи на различни владини нивоа почнуваат со дефинирање мерки за краткорочен тримесечен план, како и за среднорочни планови од шест и девет месеци, за реализација на клучните реформски приоритети на Република Македонија. Станува збор за подготвување […]

Адеми и Даниелсон разговарале за изборите, реформските приоритети и за ИПА-фондовите

септември 16, 2016

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, се сретна со генералниот директор на Директоратот за проширување и за соседска политика на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, со кој разговарал за актуелната политичка состојба во земјата, претстојните парламентарни избори, реформските приоритети, како и за ИПА-фондовите. „Двајцата соговорници констатираа дека оценката на политичките […]

Што побараа странците за изборите и по нив?

септември 5, 2016

Со одржувањето на изборите не значи дека завршува неопходниот реформски процес во Македонија, категорични се изјавите на претставниците на меѓународната заедница, кои директно или индиректно беа вклучени во постигнувањето на Договорот од Пржино и неговиот продолжеток постигнат на 20 јули годинава. Главно, се бара да се имплементираат итните реформски процеси, СЈО да може непречено да […]

Страна 1 од 1