Фото: Арбнора Мемети

Во изминатите 24 часа вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 797 и има околу 518 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 442 пациенти. Според извештаите на болниците, во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, во Штип 49, на инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 68 лица. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 58, во Гостивар 13, а во Струга 29 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациента, во Кочани 13, во Кичево 12, во Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа се примени на лекување 7 пациенти, а вкупно има 355 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. 

На интерните клиники имало 2 приема, по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за дерматологија и еден на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ГОБ „8 Септември“ имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника два во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти. 

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 19 пациенти, на неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ има 25 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 20 лица, на Клиниката за очни болести 5 пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти. 

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 103 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. 

Утрово до 8 часот имало 120 слободни места.

Министерството за здравство информира дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, а доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.