fbpx

Вкупно 1.577 пациенти се лекуваат од ковид-19 во болниците од јавното здравство низ земјава

-

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 912 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 666 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, иако кога ќе се соберат бројките на хоспитализирани по различни ковид центри во Скопје, оваа бројка изнесува 657.

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.577 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите. Но, кога ќе се собере со точната бројка во Скопје, тој број би изнесувал 1.569.

„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 74 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 666 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 10 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни, а 10 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 88 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 147 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116, во ковид центарот во Гостивар 41, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 34, во Кичево 21, Кавадарци 71, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче, на утринската координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за заразни болести разговарале за епидемиолошката состојба во државата, болничките капацитети, состојбата на болните. Болничките капацитети за прием на ковид пациенти за разлика од ноември се зголемени за 50 отсто, информираат од Министерството за здравство. Тие додаваат дека стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколку е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...