fbpx

Вистиномер: Руски новинари даваат откази поради медиумската пропаганда на Кремљ

-

Не беше потребно да се мислам дали ова што се случува во Украина е мировна операција. Ова е војна. Сакам руските граѓани да ме чујат – сакам да научат како изгледа пропагандата, изјави руската новинарка Жана Агалакова, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Сè повеќе има руски новинари кои даваат откази од работните места, поради промовирање лажни наративи во врска со Украина од страна на нивните медиумски куќи.

Последен беше случајот со поранешната дописничка од Париз за Европа на руската државна телевизија Канал Еден, Жана Агалакова, која гласно проговори за руската пропаганда.

Воопшто не се мислев дали да продолжам да работам. Исто така, не беше потребно да се мислам дали ова што се случува во Украина е мировна операција. Ова е војна. Сакам руските граѓани да ме чујат – сакам да научат како изгледа пропагандата и да се научат да се информираат од други извори на информации. Не сакам луѓето повеќе да бидат зомби, рече таа.

Сепак, таа изрази стравување дека ќе биде обвинета од Русија дека е „високо платен шпион“. Агалакова (56), која претходно ги водеше вестите, изјавила дека верува дека на руските медиуми им било наредено од Кремљ да емитуваат лаги и пропаганда со години, оставајќи им малку простор на независните медиуми.

Во вторникот, руските власти објавија дека познатиот новинар, Александар Г. Невзоров, е под кривична истрага поради објава за руското бомбардирање на Мариупол на неговиот профил на Инстаграм.

 

Пред неколку дена, пак, Марина Овсјаникова, уредник на државната телевизија Канал 1, објави антивоен знак на кој пишува „Стоп за војната!“ и го прекина преносот на ноќните вести, во живо, велејќи: „Те лажат овде“!

Лилија Гилдеева, водител на државниот канал НТВ, исто така, поднесе оставка. Таа работеше за медиумот од 2006 година. Со неа си замина и Вадим Глускер, новинар кој во НТВ работеше речиси 30 години.

Откако претседателот Владимир Путин ја донесе одлуката за инвазија врз Украина, Дмитри Ликин исто така даде отказ како долгогодишен уметнички директор на Канал 1, руската државна телевизиска мрежа, која е главен играч во распространетиот пропаганден апарат на Кремљ. Тој изјави дека „не е политичар“, и дека инвазијата ќе значи дека тој треба да биде дел од операција со агенда за „уништување животи“.

Во меѓувреме, руските пратеници одобрија нов ригорозен закон. „Њујорк Тајмс“ ова го коментираше како:

Последен обид да се сее страв меѓу критичарите на војната пред спроведувањето на тој закон со кој ќе следува дури 15 години затвор за било какво отстапување од официјалниот наратив за она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...