fbpx

(ВИДЕО) Еквадор: Прогласена вонредна состојба по вооружен упад во живо на државна телевизија

Вонредната состојба беше прогласена откако озлогласениот гангстер Адолфо Масијас Виљамар избега од затвор

-

Маскирани и тешко вооружени лица вчера упаднаа во студио за време на вклучувањето во живо на државниот телевизиски канал „TC“ (ТЦ) во Еквадор. Претседателот Даниел Нобоа издаде наредба криминалните банди да се „неутрализираат“ по неколкудневното насилство кое кулминираше со напад на телевизиското студио, пренесува Би-би-си.

Со пиштоли, пушки, митралези и гранати, голем број мажи влегоа во студиото за време на информативната емисија. Од преносот во живо може да се види како дел од вработените легнуваат на под, а некој извикува „Не пукај!“ пред сигналот да биде прекинат, јавува Гардијан.

Полицијата уапси 13 лица по нападот во кој беа повредени двајца вработени во телевизијата.

Шокантните телевизиски сцени се случија откако криминалните банди започнаа бран на терор низ земјата во услови на нови изливи на насилство во затворите. Најмалку 10 лица се убиени откако во понеделникот беше прогласена 60-дневна вонредна состојба.

Вонредната состојба беше прогласена откако озлогласениот гангстер Адолфо Масијас Виљамар избега од затвор. Нејасно е дали инцидентот во телевизиското студио во Гвајакил, најголемиот град во Еквадор, е поврзан со исчезнувањето на Масијас – шеф на бандата „Черенос“.

Претседателот Нобоа вчера рече дека постои „внатрешен вооружен конфликт“ во земјата и дека ги мобилизира вооружените сили за да спроведат воени операции за неутрализирање на, како што рече, транснационалниот организиран криминал, терористичките организации и воинствените недржавни актери. Со издадениот декрет, 20 банди за шверц на дрога се прогласени за терористички групи.

Тројца полицајци се киднапирани во јужниот град Мачала, а криминалци киднапирале полицаец и во главниот град Кито. Уште десетици затворски чувари се држат во затвори низ целата земја.

Во соседен Перу, владата нареди итно распоредување на полициските сили на границата со Еквадор, за да се спречи прелевање на каква било нестабилност.

САД соопштија дека ги осудуваат дрските напади во Еквадор и дека се во тесна координација до претседателот Даниел Нобоа и неговата влада, подготвени на пружат помош.

Претседателот Нобоа беше избран во октомври, по ветувањата за сузбивање на ансилниот криминал. По прогласувањето на вонредната состојба, тој вети дека ќе ја врати контролата врз затворите во земјата, кои постојано се сцени на брутално насилство меѓу завојуваните нарко банди. Од 2021 досега, во немирите загинале повеќе од 420 затвореници.

Пребеганиот Масијас од 2011 година отслужувал 34-годишна затворска казна, откако бил осуден за трговија со дрога, убиства и организиран криминал, но останал моќна личност дури и зад решетки.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...