fbpx

Убиен обвинителот кој го истражуваше телевизискиот упад во Еквадор

Во интервју за весникот „Ел Универзо“, само еден ден пред убиството, обвинителот Суарез рекол дека не добил полициска заштита и покрај тоа што ги испрашувал 13-те лица уапсени во нападот во државната телевизија

-

Обвинителот кој го истражуваше упадот во телевизиското студио во Еквадор бил убиен минатата недела, соопштија официјални лица, а пренесува Би-Би-Си.

Обвинителот Сезар Суарез бил застрелан во пристанишниот град Гвајакил во провинцијата Гвајас, изјави еквадорскиот главен јавен обвинител. Тој бил убиен во близина на неговата канцеларија.

Не е јасно дали смртта на Суарез е поврзана со неговата истрага за нападот во телевизиското студио.

За време на драматичниот инцидент минатата недела, маскирани лица упаднаа во студиото на државната телевизија „ТЦ“ за време на пренос во живо, при што на вработените им се закануваа со пиштол. Снимките беа емитувани во живо, пред преносот да биде прекинат.

Еден снимател бил застрелан во ногата, додека на друг му била скршена раката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by META.MK (@meta_mk)

Во интервју за весникот „Ел Универзо“, само еден ден пред убиството, обвинителот Суарез рекол дека не добил полициска заштита и покрај тоа што ги испрашувал 13-те лица уапсени во нападот.

Неговото убиство е последно во бранот насилни инциденти низ Еквадор, откако двајца водачи на банди побегнаа од затвор, а стотици затворски чувари беа земени како заложници. Регистрирани беа и повеќе експлозии во неколку градови низ земјата.

Како одговор на ситуацијата, еквадорскиот претседател Даниел Нобоа прогласи 60-дневна вонредна состојба и ѝ нареди на војската да „неутрализира“ 22 вооружени групи кои беа дефинирани како „терористички организации“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...