fbpx

Вечерва промоција на четиритомникот „Summa aestheticae“од академик Старделов

-

На последниот ден од одржувањето на „Научно уметничката визита 2015“, вечерва, во „Куќата на Уранија”, во Охрид, ќе бидат промовирани четирите тома од делото „Summa aestheticae“(„Сумма аестхетицае“) на академик Георги Старделов.

Промотори се д-р Ферид Мухиќ и проф. д-р Иван Џепароски.

Старделов дипломирал философија на Филозофскиот факултет во Белград. Докторирал по филозофски науки во 1965 година. Бил професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1956-1966), негов декан (1975-1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977-1981), претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на Македонскиот ПЕН центар. За неговиот севкупен творечки опус, на Филозофскиот факултет во Скопје е одбранета докторска дисертација под наслов „Естетичките, културолошките и литературнокритичките концепции на Георги Старделов“ (1977).

За член на МАНУ бил избран во 1986 година. Во периодот од 2000 до 2004 година бил потпретседател на МАНУ, а од 1 јануари 2008 година станал и претседател на МАНУ. Во МАНУ, од 1993 година раководел со макропроектот „Историја на културата на Македонија“ од кој во негова редакција биле издадени 20 тома.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.