Вечерва ќе ја емитуваме новогодишната епизода на емисијата „Шорткат“

Во новогодишната епизода на емисијата „Шорткат“ направивме избор на темите за кои информиравме во 2022 година, за кои остваривме импакт изминатава година, но и за кои треба уште многу да се работи за да се решат проблемите во наредните 365 дена. Краткиот преглед на теми не беше лесен, земајќи го во предвид фактот дека годинава емитувавме 48 епизоди на „Шорткат“ и имаме над 500 минути снимен материјал од наши колеги и колешки.

Во „Шорткат“ вечерва ќе можете да погледнете и како помина синоќешното одбележување на 50-годишнината од основањето на Младинскиот културен центар во Скопје, а информираме и за загадувањето на воздухот во земјава што е актуелен проблем во моментов.

Во новогодишната епизода на „Шорткат“ ја доловуваме атмосферата од предновогодишната трка со Дедомразовци низ Скопје, но и ве водиме во гратчето Панама во Флорида, каде имаат уникатен начин за дочек на новата година.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва со почеток од 19 часот на нашите социјални мрежи.

Ви посакуваме среќни новогодишни празници!