fbpx

Валс: Не знаеме дали Салах е во Франција или не

-

Француските власти не знаат дали осомничениот за нападите во Париз, Салах Абдеслам, е во Франција или Белгија, изјави францускиот премиер Мануел Валс.

Освен тоа, Валс наведе дека не е познато дали има уште поврзани групи со напаѓачите кои се во бегство.

– Заканата е присутна. Ние во овој момент на истрага не знаеме дали постојат уште групи или поединци кои се директно поврзани со нападите од петокот во Париз и во Сен Дени – рече Валс за телевизијата „Франс 2“.

Валс претходно изјави дека шенгенската зона на ЕУ ќе биде во опасност ако Унијата не прифати одговорност во врска со контролата на границите.

Откако беше објавено дека лидерот и креатор на терористичките напади во Париз влегол во Европа незабележан, Валс ги повика соседите на Франција својата улога да ја одиграат на соодветен начин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...