fbpx

Утринава негативни температури низ Македонија

-

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, која во текот на денот постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Вредностите на утринската температура измерена во земјава се: минус 10 во Маврово, минус 9 во Лазарополе, минус 7 во Крушево, минус 6 во Крива Паланка, минус 5 во Претор, минус 4 во Пожаране, Берово, Охрид и во Тетово, минус 3 во Ѓуриште, Дебар, Тополчани и во Битола, минус 2 во Прилеп и во Виница, минус 1 во Скопје, Куманово и во Струмица, 2 во Дојран и 3 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Во утринските часови температурата ќе биде под нулата, а преку денот ќе се зголемува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...