fbpx

Утре во Охрид промоција на „Избрани дела“ од Бранко Цветкоски

-

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, утре напладне, ќе се одржи промоција на шесте тома „Избрани дела“ од македонски поет и литературен критичар Бранко Цветкоски, пресек на неговото 40-годишно плодно книжевно творештво.

Бранко Цветкоски е роден е на 21 јуни 1954 година, во охридското село Слатино. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во рамки на своето богато работно искуство, работел како новинар во весникот „Нова Македонија“, а исто така бил главен уредник на книгоиздателството „Култура“, секретар на Друштвото на писатели на Македонија, претседател на манифестацијата „Рацинови средби”, директор на Македонскиот народен театар, главен уредник на списанието „Стремеж“ од Прилеп и еден од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“.

Цветкоски е основач, директор и главен уредник на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје. Тој е член е на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија, а во моментов е директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...