fbpx

ЗНМ: Власта ја злоупотребува лустрацијата за пресметка со критичките новинари

-

Со актуелизирањето на лустрацијата на новинари, власта сака да го дефокусира вниманието на јавноста од сериозната политичка криза во која се наоѓа земјата, се вели во писмената реакција на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во врска со решението со кое Комисијата за верификација на фактите ја прогласи новинарката Јадранка Костова за соработник на тајните служби.

„Лустрација на новинари во време кога опозицијата објавува прислушувани разговори кои сведочат за масовна злоупотреба на институциите од Владата, е брутален обид да се спречат новинарите да известуваат за овој скандал“, стои во реакцијата.

Од ЗНМ се сомневаат дека актуеланата власт ја злоупотребува Комисијата за верификација на факти за политичка пресметка со критички новинари, за нивно јавно дискредитирање.

„Власта без широк политички консензус, неколкупати го прошири опфатот на лицата што треба да се лустрираат, иако Уставниот суд ги иззема новинарите од овој процес. Бараме процесот на лустрација на новинари да се прекине сè додека не се формира нова Комисија за лустрација, која ќе има кредибилитет да го заврши овој процес“, велат од ЗНМ.

Од Здружението очекуваат Управниот суд да го поништи решението со кое новинарката Јадранка Костова е прогласена за соработник на тајната полиција.

„ЗНМ за ваквото непримерно однесување на Комисијата за верификација на факти, со кое најбрутално е нападнат кредибилитетот на новинарите, ќе ја алармира целата меѓународна заедница“, стои во соопштението од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...