fbpx

Смена на премиерката на Перу поради шпионирање на ривалите

-

Премиерката на Перу најверојатно ќе поднесе оставка откако Конгресот со мнозинство гласови ѝ изгласа недоверба поради обвиненијата дека шпионирала политички ривали.

За смена на премиерката Ана Хара Валаскез, која пред помалку од година ја презеде должноста, гласале 72 пратеници, додека 42 биле против.

Валаскез, која демантира дека ги шпионирала политичките противници, сега има обврска да му поднесе оставка претседателот Оланта Умала, кој има 72 часа за да ја прифати оставката.

Ова е една од најголемите кризи во претседателскиот мандат на Умала, од неговото стапување на должност во јули 2011 година, а, исто така, ова е првпат по половина век Конгресот да смени премиер.

Премиерката ја обвинуваат дека со помош на перуанската разузнавачка служба со години собирала податоци за истакнати бизнисмени, политичари, новинари, припадници на армијата, како и за членови на нивните семејства.

Валаскез, по обвинувањата, го отпушти директорот на разузнавачката служба и наложи детална истрага, демантирајќи дека некогаш наредила следење или користење на присобраните информации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...