fbpx

Утре пристигнува телото на починатиот штипјанец од Шпанија

-

Речиси три недели по смртта, утре попладне, на скопскиот аеродром се очекува од Шпанија да пристигне телото на 33-годишниот штипјанец Сашко Коцев. Погребот ќе се изврши в четврток, во родниот Штип.

За да се пренесе телото на Коцев, кој почина во сообраќајна несреќа, беше организирана донаторска акција. Граѓаните беа повикани да донираат бидејќи семејството не беше во можност да собере повеќе од 4.000 евра за транспорт на телото.

Преку линија на операторот „Вип“, до вчера на донаторската телефонска линија се собрани 71.100 денари или околу 1.150 евра. Со веќе уплатените 1.300 евра, тоа значи дека за две седмици се собрани околу 2.500 евра. Донирале неколку штипски компании, Општината Штип, а во акцијата со 5.000 денари се вклучила и Исламската верска заедница, иако Коцев не е дел од оваа верска заедница.

Македонската амбасада во Шпанија успеала да најде компанија која се понудила за 3.800 евра да го транспортира телото. Првично беше соопштено дека ќе треба околу 4.900 евра. Приватна погребална компанија од Штип бесплатно ќе го преземе телото од скопскиот аеродром, а погребот е на товар на Општината Штип и на ЈП „Исар“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...