fbpx

Уставниот суд го блокира внесувањето на националноста во изводите од матичните книги

Од денеска, сè додека Судот конечно не се изјасни конечно, не смее од граѓаните да се бараат податоци за националност при впишување во матичните книги на родени, венчани и умрени

-

Уставниот суд денеска на седница одлучил да поведе постапка за делови од три члена од Законот за матична евиденција, во кои е содржан зборот „националност” во изводите за родени, венчани и умрени.

Судот има сомнеж во уставноста на членот 4 став 1 точка 2 во делот националност, членот 11 став 1 точка 1 во делот националност и членот 13 став 1 точка еден во делот националност.

Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно покрај наведените лични податоци како што се име, презиме, податоци за раѓање и живеалиште, граѓаните да ја наведуваат и својата националност во матичните книги на родените, на венчаните и умрените.

Според Судот, припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува по ова.

Уставниот суд смета дека овие одредби се во спротивност со неколку членови од Уставот, како што е владеењето на правото, членот 18 кој ја гарантира тајноста на личните податоци.

Од денеска, сè додека Судот конечно не се изјасни конечно, не смее од граѓаните да се бараат податоци за националност при впишување во матичните книги на родени, венчани и умрени.

Иницијативата е поднесена на 3 јули 2023 година од страна на политичка партија „Левица”.

Министерот за правда Кренар Лога на 29 мај годинава го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи каде ќе стои графа за етничка припадност. Упатството требаше да почне да се применува од 1 јануари 2024 година.

При крајот на септември, Уставниот суд донесе одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, акт кој беше донесен од страна на Министерството за правда.

Со ова, фактичко поништено беше упатството од министерот за правда кое овозможи во изводите да се внесе и графата националност.

Упатството, како што рекоа тогаш од Уставниот суд е поништено бидејќи судот оценил дека е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Тој член предвидува рок за објавување „најдоцна за 7 дена од денот на донесувањето“, а во случајов тоа било направено по 17 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...