Уште два дена до завршувањето на конкурсот на МКЦ за визуелно решение за јубилејот „50 години МКЦ“

Дел од изложбата „Компликувај едноставно!“ во МКЦ, Скопје. Фото: Meta.mk.

По повод славењето на јубилејниот 50-ти роденден на Младинскиот културен центар оваа година, од таму најавуваат креативни повици и конкурси слободни за учество на сите креативци и уметници.

Првиот отворен повик беше отворен на 22 декември минатата година со конкурс за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ во 2022 година – со цел создавање на визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.

За аплицирање е потребно да се пополни апликација која ги исполнува условите наведени од страна на Младинскиот културен центар, да се испрати на следниот ЛИНК најдоцна до 12-ти јануари.

Од МКЦ нагласуваат дека право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.

„Селекцијата ќе биде направена од програмскиот колегиум на МКЦ, а финалниот избор од петчлена стручна комисија. Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000,00 денари (досетливо и многу креативно нели :)) и секако, едно јавно, големо фала!“, пишува на официјалната страна на МКЦ.