fbpx

Упасени тројца Британци со ирачко потекло во Грција

-

Во Грција се крена нова паника по денешното апсење на тројца Британци со потекло од Ирак за поседување големо количество оружје и муниција во Александруполи.

Весникот „Етнос“ пренесува дека при претресот на приколка која била следена со денови, полиција нашла три револвери марка „магнум“ и уште минимум 15 револвери со калибар од 22 милиметри и уапсила двајца мажи на возраст од 28 и од 22 години. Покрај оружјето била најдена и муниција, и тоа повеќе од 20.000 куршуми.

По нивното апсење бил најден и третиот нивен соработник, Британец со ирачко потекло, кој се обидувал со автомобил да премине во Турција. Во негова сопственост биле најдени 200.000 касети со муниција, десетици парчиња оружје и друга воена опрема.

Уапсените за време на испитот демантирале дека се дел од Исламска држава и изјавиле дека се дел од револуционерните групи што се борат против ИД. Тројцата денеска ќе бидат изведени пред суд за нелегално поседување оружје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...