fbpx

УНИЦЕФ: 96.000 деца бегалци без придружба поднеле барање за азил во Европа

-

УНИЦЕФ повикува на итни мерки за заштита на децата бегалци и мигранти без придружба во Европа, кои се изложени на сериозен ризик од злоупотреба, експлоатација и од трговија со луѓе и чиј број достигна рекордни 95.000 минатата година.

Интерпол проценува дека едно од девет непридружени деца бегалци и мигранти се водат како исчезнати или недостапни, но за бројките се верува дека се далеку поголеми.

Во Словенија, повеќе од 80 проценти од децата без придружба исчезнале од прифатните центри, додека во Шведска, до 10 деца се пријавуваат како исчезнати секоја недела. Претходно оваа година, 4.700 деца без придружба биле евидентирани како исчезнати во Германија.

„Децата без придружба се лизгаат низ раце. Многу од нив едноставно бегаат од прифатните центри за да им се приклучат на пошироките семејства додека чекаат или поради тоа што немале целосно рочиште за утврдување на нивниот најдобар интерес ниту, пак, за објаснување на нивните права“, вели Мари Пјер Поаре, специјалниот координатор на УНИЦЕФ за бегалско-мигрантската криза во Европа.

Најновите податоци покажуваат дека 96.500 деца без придружба поднеле барање за азил во Европа во 2015 година – околу 20 отсто од вкупниот број на деца што бараат азил.

Мнозинството се машки тинејџери од Авганистан, додека Сиријците се втората група по големина. Значителен број се помлади од 14 години и патуваат сами, без заштита на возрасни членови на семејството или старатели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...