fbpx

Унгарија покрена кривична постапка против 60 бегалци

-

Унгарија соопшти дека почнала кривична постапка против 60 бегалци кои денеска се уапсени под обвинение дека ја „оштетилe“ бодликавата ограда на границата со Србија. Во согласност со новиот закон, кој стапи на сила на полноќ, за ова дело следува затворска казна од пет години.

Ова е прв голем бран апсења по стапувањето на сила на унгарскиот антиимигрантски закон.

Законот предвидува до три години затвор за секое преминување на оградата што ја подигна Унгарија на 175-километарската граница со Србија. Казната може да се зголеми на пет години доколку има физичко оштетување на поставените инсталации.

Официјална Будимпешта утринава прогласи вонредна состојба во два округа на југот на земјата, со што на властите им се даваат посебни овластувања.

Влезот на бегалците во Унгарија од Србија од утринава е и официјално блокиран на двата премини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...