Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули годинава, во однос на јули 2014 година, бележи пораст од 2,7 проценти, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 6,3 проценти.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јули 2015 година, во однос на минатогодишниот јули, бележи пораст од 1,2 отсто, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 5,6 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи пораст кај енергија за 378,3 проценти, интермедијарни производи, освен енергија, за 4,8 проценти, капитални производи за 23,4 проценти и кај трајни производи за широка потрошувачка за 9,4 проценти.
Опаѓање бележи кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 проценти.