fbpx

Ристовски: Отворени сме за дијалог, но потребна е волја од сите страни

-

Како ресорно министерство, подготвени сме за дијалог на сите нивоа во однос на квалитетот на образованието, рече заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање за дијалогот со пленумите, при неговата посета на првиот студиски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Тој не одговори директно на прашањето дали има договорено продолжување на разговорите со средношколскиот и со студентскиот пленум во новата учебна и студиска година.

– Отворени сме, не само за нас, туку од интерес на целото општество е да се вклучиме и се вклучуваме во разговори во насока на зголемен дијалог, расправа, во однос на квалитетот на образованието на сите нивоа. Заеднички да работиме на квалитетот на сите законски решенија, кои на крајот ќе резултираат со подобар систем на образование – рече Ристовски.

Што се однесува до упатените критики за искинатите бесплатни учебници, заменик- министерот побара разбирање, бидејќи, како што рече, станува збор за огромно количество учебници што треба да се заменат.

– Континуирано тече процесот на замена во сите училишта во Македонија. Очекувам во наредните десетина дена да се заврши со замена на учебниците. Апелирам училиштата следната година поконкретно да се занимаваат со потребата од промена на учебниците, затоа што ние како министерство реализираме тоа што ќе го добиеме како потреба на училиштата – изјави Ристовски.

Помалку од 3.000 бруцоши ќе седнат во предавалните на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Речиси на сите факултети има слободни места, освен на медицинските науки, каде сè е пополнето.

Од вчера штипскиот универзитет е со нов ректор – професорот Блажо Боев, кој промени близу 80 отсто од деканите на факултетите. Избрани се и двајца нови проректори – Кирил Барбареев е проректор за настава, додека Дејан Мирковски е проректор за инвестиции и за развој. Досегашниот ректор во два мандати, Саша Митрев, неофицијално ќе добие проректорско место доколку не му се потврди заминувањето во дипломатија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...