Украина има заземено сто населени места во Русија во последниот месец

Украинските сили исто имаат заробено речиси 600 руски војници, соопшти украинскиот генерал Олександр Сирски

-

Украинските сили во последниот месец имаат заземено сто населени места во Русија и заробено 594 руски војници, соопшти украинскиот генерал Олександр Сирски, а пренесува Гардијан.

Руските сили се обиделе да извршат противнапад, но не биле успешни. Цифрите на Сирски сè уште не се независно потврдени.

Ова е првпат Украина јавно да го соопшти бројот на воени заробеници од почетокот на украинската инвазија во Русија, која започна на 6 август оваа година. Нејзината цел е да се ослабнат руските сили и да се стави притисок да се стави крај на војната.

Според Сирски, една од главните цели на украинската операција во граничниот регион Курск е да се пренасочат руските трупи од Украина.

„Досега, можеме да кажеме дека околу 30.000 војници се испратени на фронтот Курск, а оваа бројка расте“, тврди Сирски.

На крајот на претходната недела, Русија и Украина се согласија на размена на воени заробеници, со што секоја страна ќе ослободи 115 заробеници.

Сирски коментираше дека ситуацијата е тешка во украинскиот град Покровск. Во него има рудник за јаглен и градот е клучен центар за транспорт за украинската армија. Токму поради тоа што е стратешки важен град, тој е таргетиран од руски сили во изминативе недели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема докази дека ОАЕ го замрзнале договорот за купување 80 француски борбени авиони

На страницата на Министерството за надворешни работи нема споменување на смрзнување на договор за борбени авиони, откако бил уапсен Павел Дуров, основачот на апликацијата Телеграм, наводно близок пријател на...