Русија и Украина се согласија на размена на воени заробеници. Секоја страна ќе ослободи 115 заробеници, пренесува Ројтерс.
Ослободените руски заробеници сега се во Белорусија, а министерството за одбрана на Русија ѝ се заблагодари на украинските сили за размената.
Оваа размена доаѓа откако Украина започна воена операција во Русија овој месец, во регионот Курск. Станува збор за првата копнена инвазија на Русија од странска сила од Втората светска војна.
Украина цели да постави притисок врз Русија да стави крај на војната. Досега имаат уништено неколку мостови на руската страна, кои беа клучни за снабдување на руските сили во Украина со добра.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека целат направат тампон-зона во Русија.
„Сега наша примарна задача во одбранбените операции е да ја ослабнеме руската војна сила што е можно повеќе. Ова вклучува создавање на тампон-зона на територијата на агресорот – нашата операција во регионот Курск“, рече Зеленски.
Зеленски се заблагодари на украинските војници поради кој успешно се изврши оваа размена на заробеници.